237
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот на руски беспилотни летала денеска во областа Хмељницки, најверојатно цел била областа на истоимената нуклеарна централа.
„Најверојатно цел на овие напади е нуклеарната централа Хмељницки. Ударниот бран од експлозијата ги потресе прозорците, вклучително и просториите на нуклеарната централа“, наведува Зеленски, пренесе „Ројтерс“.
Според него, секој руски напад, особено оној кој се осмелува да ги таргетира нуклеарна централа и други клучни објекти, е доказ дека притисокот врз Русија е недоволен.