Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм сподели информација од итниот состанок на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) одржан утрово како одговор на уништувањето на браната Нова Каховка.
„Набрзина свикав состанок на Советот за национална безбедност и одбрана. Среде ноќ, точно во 2 часот и 50 минути, руските терористи ги детонираа структурите на хидроцентралата Каховка. Зоната на поплавите опфаќа околу 80 населени места.
Наредивме евакуација на подрачјата загрозени и обезбедивме снабдување со вода за пиење на сите градови и села кои се снабдуваа од резервоарот Каховка.
Правиме се за да ги спасиме луѓето. Во акцијата се вклучени сите надлежни служби, армијата и владата.
На состанокот на НСДЦ беа договорени различни меѓународни и безбедносни мерки со цел Русија да биде одговорна за овој терористички напад“, се вели во соопштението на Зеленски.