47
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека претходната американска администрација ѝ ветила на Украина 20.000 ракети за борба против беспилотните летала „Шахид“, но дека овие ракети потоа биле испратени на друга дестинација.
Зеленски во интервју за ABC News изјави дека утрово украинскиот министер за одбрана му кажал дека САД ги префрлиле ракетите ветени на Украина на Блискиот Исток, објави Укринформ.
„За време на претходната администрација, беше министерот за одбрана (Лојд) Остин, и ние се одлучивме за еден проект. Сметавме на овој проект – 20.000 ракети за борба против „Шахид“. Утрово мојот министер за одбрана ми рече дека САД ги префрлиле на Блискиот Исток“, рече Зеленски.