Зеленски: Сакам Латинска Америка, Африка, Кина и Индија да го поддржат планот на Киев

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска на прес-конференција по повод годишнината од почетокот на рускиот напад врз неговата земја изјави дека Киев сака поддршка од Латинска Америка, Африка, Кина и Индија за својот мировен план.

Зеленски повика на самит со лидерите на земјите од Латинска Америка и рече дека Киев треба да гради односи со африканските земји, пренесe Ројтерс.

Ако украинските партнери ги „исполнат своите обврски“, победата над Русија е „неизбежна“, додаде Зеленски.

Слични содржини