Зеленски: Се додека трае војната, потребна ни е помош

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Светската помош за Украина би била доволна кога војната би се завршила, но додека тоа не се случи нешто секогаш ќе недостасува, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Дали е доволна помошта од светот за Украина? Ќе ви го кажам ова: Ако војната е завршена, ќе беше доволно. Се додека трае војната, ништо не може да биде доволно. Тоа значи дека секогаш нешто недостасува. Помошта не е само оружје, тоа е и информативна поддршка и хуманитарна помош“, изјави украинскиот претседател во интервју за „Глобо“, а пренесува „Укринформ“.

Според него, по завршувањето на војната ќе биде потребна помош за обнова на Украина, медицинска и психолошка рехабилитација на луѓето, политичка помош.

„Многу е важно Украина да победи. Важно е населението на Украина да преживее, а Украина да ги брани глобалните и европските вредности“, нагласи Зеленски.

Тој смета дека се додека луѓето во светот се обединети, постои шанса да се воспостави мир и да се избегне трета светска војна.

Одговарајќи на прашањето зошто темата за руската војна против Украина е толку често поврзана со САД, Зеленски нагласи дека Вашингтон ѝ дава најголема помош на Украина.

Како што беше претходно објавено, американското министерство за одбрана на 25 јули објави дополнителен пакет воена помош за Украина, кој предвидува итна испорака на оружје и опрема од залихите на Пентагон, вклучувајќи ракети за Patriot, NASAMS, HIMARS и други системи.

Слични содржини