Зеленски: Се обидуваат да не уништат, останете во засолништата

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, апелираше до граѓаните да не ги напуштаат засолништата, откако утринава одекнаа експлозии во многу украински градови.

„Воздушната опасност не престанува низ цела Украина. Има ракетни удари. За жал, има мртви и повредени. Ве молам не ги напуштајте засолништата“, наведе Зеленски на Телеграм, пренесува „Интерфакс Украина“.

„229 дена се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на земјата. Да ги уништат нашите луѓе кои спијат во куќите во Запорожје. Да убијат луѓе кои одат на работа во Дњепар и Киев“, напиша Зеленски на Телеграм.

Шефот на кабинетот на Зеленски: Руското прашање мора да се реши со сила

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека денешните руски ракетни напади врз градовите низ Украина му покажуваат на цивилизираниот свет дека „руското прашање мора да се реши со сила“.

„Кукавиците ги напаѓаат игралиштата, децата и луѓето“, истакна Јермак.

Освен во Киев, каде досега се идентификувани осум жртви, од утрово експлозии се слушаат и во украинските градови Дњепар и Лавов.

Слични содржини