Зеленски се обрати на Преспа форумот: Украина и Западен Балкан да станат дел од ЕУ

од Nikola Popovski
212 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање на Преспа форумот за дијалог во Охрид побара европска интеграција на Украина и на Западен Балкан.

-Полноправното членство на Украина како и целосната европска интеграција на вашите држави е историско зајакнување на Европа и целосно демонтирање на руската способност да не победи поединечно. Потребен ни е позитивен одговор на нашата и на вашата европска перспектива и благодарен сум што работиме на таа цел заедно, рече Зеленски во видеообраќањето.

Тој порача дека сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат – што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина.

Зеленски додаде дека ова е најстрашниот воен предизвик за Украина и дека украинскиот народ се брани веќе 113 дена од, како што рече, руските амбиции да го уништат украинскиот народ и култура.

-Русија сите нас не предизвика – секоја нација на континентот, секој регион во Европа. Почнувајќи ја оваа војна против Украина, Русија се обиде да направи oтскочна даска за напад врз други нации во Европа. Затоа нашата одбрана во оваа војна е од фундаментално значење за безбедноста на секого во Европа, нагласи Зеленски.

Слични содржини