Зеленски се противи поради руски спортисти на Олимпијадата: „Сите нивни знамиња се извалкани со крв“

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата се спротивстави на идејата руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата во 2024 година под какво било неутрално знаме, велејќи дека „сите нивни знамиња се извалкани со крв“.

Зеленски го изјави ова по разговорот со Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој минатата недела рече дека сè уште не е јасно дали руските и белоруските спортисти ќе учествуваат на Игрите во Париз во 2024 година.

Во изјавата, Зеленски рече дека Украина е разочарана од, како што ја нарече, намерата на МОК да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме.

„Можеме да кажеме само едно: бело или какво било неутрално знаме е невозможно за руските спортисти, бидејќи сите нивни знамиња се извалкани со крв“, рече тој во видео обраќањето.

Зеленски, повикувајќи на „целосна изолација“ на Русите од спортските настани, рече дека 184 украински спортисти загинале во војната со Русија.

Ако им се дозволи на руските спортисти да учествуваат, тоа би било грешка, бидејќи тоа би се толкувало како знак дека „светот наводно го одобрува нивниот терор“.

Слични содржини