Украинскиот претседател Володимир Зеленски се состана во Киев со шведската еколошка активистка Грета Тунберг и истакнати европски личности кои формираат работна група за поправка на еколошката штета предизвикана од руската инвазија.
Средбата во главниот град на Украина се одржа во четвртокот додека борбите продолжија низ целата земја, пренесе АП.
Зеленски рече дека формирањето на групата „е многу важен сигнал за поддршка за Украина“.