267
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со папата Франциск за заедничката работа на „формулата за мир“.
„Разговаравме за нашата заедничка работа на формулата за мир – повеќе од 80 земји се веќе во процес на ниво на нивните претставници. Ќе има уште. Благодарен сум на Ватикан што ја поддржа нашата работа“, рече украинскиот лидер во видео обраќањето.
Зеленски се заблагодари за Божиќните честитки за Украина и Украинците, како и за желбата за праведен мир.
Во овогодинешната божиќна порака папата Франциск побара мир за Украина.