194
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се заблагодари на холандската влада за одлуката да започне со подготовка на испорака на првите 18 борбени авиони Ф-16 на Украина.
„Исто така, и се заблагодарив на Холандија бидејќи таа активно учествува во отворањето на пристапните преговори на Украина со ЕУ и ја истакнав важноста да се обезбеди помош од ЕУ за Киев во износ од 50 милијарди евра на долг рок“, напиша Зеленски на Платформа Х по разговорот со холандскиот премиер Марк Руте.
Тој додаде дека двајцата разговарале за развојот на фронтот, ситуацијата во Црното Море и воените потреби на Украина, вклучувајќи артилерија, беспилотни летала и воздушна одбрана.