Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска дека руските сили би можеле да ги интензивираат нападите врз Украина денеска и утре, кога Киев го слави Денот на независноста, предупредувајќи ја Москва на силен одговор од украинските сили.
Зеленски предупреди дека Русија би можела да проба „нешто посебно грдо“ во пресрет на утрешниот Ден на независноста, објави „Ројтерс“.
„Ако не нападнат, ќе добијат силен одговор“, рече Зеленски, додавајќи дека секој ден тој одговор ќе станува се посилен и посилен.