Зеленски: Ситуацијата во окупираниот дел од Херсон е апсолутно катастрофална

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша ситуацијата во окупираниот дел од регионот Херсон како „катастрофална“ бидејќи нивото на водата продолжи да расте и денеска, по уривањето на браната Нова Каховка и хидроелектраната во вторникот рано наутро.

„Денес цел ден сме фокусирани на последиците од рускиот терористички напад врз хидроцентралата (Нова) Каховка. Десетици населени места на територијата под наша контрола беа поплавени. Илјадници куќи беа поплавени“, рече Зеленски за време на неговото ноќно обраќање, пренесе Си-Ен-Ен.

Според него, ситуацијата во окупираниот дел од областа Херсон е „апсолутно катастрофална“.

Слични содржини