Зеленски: Ситуацијата во регионот Харков е под контрола

од Milan1
163 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека ситуацијата во регионот Харков е главно под контрола и дека украинските војници им нанесуваат значителни загуби на руските сили, пренесува „Укринформ“.

„Но, состојбата останува исклучително тешка, ги зајакнуваме нашите единици“, изјави претседателот на Украина на мрежата „Телеграм“ по состанокот на штабот на Врховната команда во Харков.

На тој состанок, според Зеленски, детално биле анализирани борбената ситуација, заканите во наредните денови и недели, како и можностите на Украина да се спротивстави на руските офанзивни планови.

Слични содржини