262
Борбите за контрола над регионот Донбас во Украина продолжија во понеделникот, објави претседателот на земјата, Владимир Зеленски.
„Ситуацијата во Донбас е тешка“, рече Зеленски во своето обраќање до нацијата.
Бахмут, Кремина и другите области во Донбас сега бараат „максимална сила и концентрација“, рече тој во видео пораката објавена на социјалните мрежи.
Тој им се заблагодари на украинските војници кои цврсто ги држат своите позиции, стојат цврсто и наоѓаат можности да се борат против „окупаторите“.
Тој ги повика Украинците да бидат подготвени за можни руски ракетни напади или провокации.
„ПВО се подготвува, државата се подготвува и сите мора да се подготват. Обрнете внимание на сирените“, додаде Зеленски.