122
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека сè уште постои недостиг на електрична енергија, а речиси девет милиони луѓе останале без струја.
Зеленски во видео-обраќање во текот на ноќта рече дека работниците што ја поправале мрежата по повторените руски напади повторно поврзале многу луѓе за време на Божиќ, но дека проблемите остануваат, објави „Ројтерс“.
„Се разбира, недостигот сè уште постои. Ограничувањата продолжуваат“, рече тој.