Зеленски со Фидан разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море

од Radmila Tasevska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан со кого разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море.

„Разговаравме за многу важни прашања. Украинска формула за мир, подготовки за Глобалниот самит за мир. Ризиците од руската блокада на коридорот за жито во Црното Море“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм.

Турските медиуми објавија дека Фидан планира да разговара на темата за продолжување на договорот за извоз на жито од Украина и за време на неговата претстојна посета на Русија.

Минатиот месец Москва го прекина учеството во договорот за жито, посочувајќи дека не се испочитувани ветувањата дадени во негови рамки.

Слични содржини