Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека имал „многу добар“ разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за одбранбените потреби на Киев.
Зеленски се состана со Остин на маргините на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур, голем безбедносен форум на кој присуствуваа претставници на одбраната од целиот свет.
-Разговаравме за тоа што е клучно: одбранбените потреби на нашата земја, зајакнувањето на украинската воздушна одбрана, коалицијата Ф-16 и подготовката на билатерален безбедносен договор, рече Зеленски на Телеграм.
Состанокот уследи по одлуката на Вашингтон делумно да ги укине ограничувањата на Киев за употребата на оружјето обезбедено од САД за напади на руска територија, што Зеленски го поздрави како „чекор напред“, пишува Киев пост.
По средбата, Зеленски кажа дека таа била „многу добра“, а Остин не даде изјави, пишува украинскиот портал.