108
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека за време на денешниот телефонски разговор со неговиот кинески колега Си Џинпинг, се разговарало за „фер и одржлив мир“.
Зеленски и Си разговараа за начините за „можна соработка за постигнување праведен и одржлив мир за Украина“, во разговор кој траеше околу еден час.
„Не може да има мир на сметка на територијални компромиси. Територијалниот интегритет на Украина мора да биде обновен во границите од 1991 година“, напиша Зеленски на својот канал Телеграм.