Зеленски со сопругата пристигна во Вилнус (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вилнус, за првпат од почетокот на војната во Украина.

Тој со полски државен авион околу 15 часот и 45 минути пристигна во главниот град на Литванија, каде се одржува самитот на НАТО.

Во Вилнус дојде и првата дама на Украина, Олена Зеленска.

На пат кон Вилнус, тој рече дека би било апсурдно доколку на Украина не ѝ биде понудена временска рамка за членство во НАТО за време на самитот во Вилнус.

Слични содржини