Сојузниците нема да ја поддржат Украина доколку Киев ги премести конфликтите на територијата на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски во неделата рече дека тоа би било голем ризик и дека Украина во тој случај ќе остане сама, одговарајќи на прашање на украинските државни медиуми дали е време конфликтот да се пресели на руска територија.
Зеленски истакна дека Украина не може да се спротивстави на Русија без помош на меѓународните партнери, пренесе Си-Ен-Ен.