384
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека утрешната средба на советниците на шефовите на држави и претставниците на Министерството за надворешни работи во врска со украинската формула за мир во Џеда, Саудиска Арабија е уште еден чекор кон глобален мировен самит.
„Тоа е многу важно бидејќи во прашања како што е безбедноста на храната, судбината на милиони луѓе во Африка, Азија и другите делови на светот директно зависи од тоа колку светот ќе биде брз во спроведувањето на Формулата за мир. Благодарен сум на Саудиска Арабија за оваа платформа за преговори“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Твитер.
Како што потсети, неодамна во Копенхаген се одржа средба во истиот формат.