Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека светот ги има сите можности да помогне во соборувањето на секоја ракета и секое беспилотно летало на руските сили.
„Триесет и четири руски ракети оваа ноќ. Некои од нив беа соборени. Но, светот ја има секоја можност да помогне во соборувањето на секој проектил и секој беспилотно летало на руските терористи. Ова е апсолутно реално. А единствено што е потребно е неопходните политички одлуки и договори да станат реалност“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Според него, тоа се системи за противвоздушна одбрана за Украина, доволно количество и квалитет на оружје за фронтот, како и ажурност во снабдувањето и определување на дејствијата.
„Теророт секогаш мора да губи, а секој што ни помага да се спротивставиме на рускиот терор е вистински бранител на животот“, нагласи Зеленски.
Тој повтори дека Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави и другите партнери за нивната поддршка.
Руските сили синоќа извршија комбиниран напад врз Украина со проектили од различен тип. Украинската воздушна одбрана уништи 21 проектил од 34 лансирани.