Зеленски: Светот за влакно избегна катастрофа во Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека светот за малку избегнал нуклеарна катастрофа и дека снабдувањето со електрична енергија од украинската нуклеарна централа Запорожје со часови е прекинато поради руското гранатирање во областа, што Москва го негираше.

Зеленски објави дека вчерашното руско гранатирање предизвикало пожар во блиската термоцентрала, што предизвикало исклучување на реакторскиот комплекс од електричната мрежа во најголемата нуклеарна централа во Европа, пренесува „Ројтерс“.

Резервните дизел генератори обезбедија напојување од витално значење за системите за ладење и безбедност на централата, рече тој, пофалувајќи ги украинските техничари кои работат со објектот под надзор на руската војска.

Слични содржини