Зеленски: Територијалните прашања ќе бидат покренати за време на разговорите за Украина во Париз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денес во Париз, за ​​време на разговорите меѓу украинската и американската делегација, ќе бидат покренати прашањата за териториите и работењето на нуклеарната централа Запорожје.

од Vladimir Zorba
33 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денес во Париз, за ​​време на разговорите меѓу украинската и американската делегација, ќе бидат покренати прашањата за териториите и работењето на нуклеарната централа Запорожје.

Зеленски објави на Телеграм дека ќе се одржи уште една сесија преговори со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп и дека ова е трета сесија преговори за два дена, објави Укринформ.

„Очекуваме дека ќе бидат разгледани најтешките прашања од основната рамка за завршување на војната, имено, прашања поврзани со нуклеарната централа Запорожје и териториите“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека му наложил на украинскиот тим да разговара за можни формати за состаноци на лидерско ниво меѓу Украина, други европски земји и САД.

Зеленски изјави дека Украина никогаш нема да биде пречка за мир.

„Мирот мора да биде достоинствен. И зависи од партнерите – дали ќе обезбедат вистинска подготвеност на Русија да ја заврши војната“, нагласи Зеленски.

Зеленски во вторникот во Париз изјави дека за време на состанокот со шефовите на американската делегација – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – успеале да „постигнат значаен напредок со американскиот преговарачки тим во работата на документите“.