Зеленски: Тешка ситуација за украинските војници поради студот

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Украинските трупи се соочуваат со тешки одбранбени операции во источните делови на фронтот, каде настапува силен зимски студ, додека силите на југ продолжуваат со офанзивните акции, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Зеленски на Телеграм напиша дека ситуацијата е тешка за украинските војници кај Лиман, Бахмут, Авдијивка, како и во Доњецк.

На истокот на Украина температурата денеска е минус пет Целзиусови степени со снег и мраз, а се очекува натамошниот пад на температурата уште повеќе да ги отежни операциите на бојното поле, пренесе „Ројтерс“.

Руските трупи започнаа офанзива оваа есен на различни делови од линијата на фронтот во источна Украина, обидувајќи се да напредуваат во близина на градот Авдијевка и на североисток меѓу градовите Лиман и Купјанск.

Руските сили контролираат речиси една петтина од територијата на Украина.

Слични содржини