Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека позицијата и целите на Киев остануваат непроменети, и покрај најавите за претстојните референдуми во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), како и во регионите Херсон и Запорожје, пренесува ТАСС.

„Ставот на Украина не е променет поради ‘некоја врева’ од Русија, а нашите партнери целосно нè поддржуваат во тоа“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Претседателот на Украина посочи дека позициите на таа земја се јасно дефинирани и добро познати и дека токму тоа треба да биде во фокусот.

Слични содржини