Зеленски: Украина доби нацрт-безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави

Украина доби нацрт-безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави и сега ќе го обработи и ќе ги додаде своите предлози, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Володомир Зеленски

Украина доби нацрт-безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави и сега ќе го обработи и ќе ги додаде своите предлози, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ќе разговараме за ефикасни безбедносни гаранции и ќе работиме на нив. Исто како што направивме со 20-те точки и економските предлози, ќе работиме и со безбедносните гаранции од Соединетите Американски Држави, додавајќи ги нашите идеи, реформирајќи го овој поднесен нацрт. Денес ќе ја споделиме нашата визија, а потоа за неколку дена ќе го доставиме овој документ до американската страна“, рече Зеленски за време на разговор со новинарите, пренесe Укринформ.

Зеленски додаде дека разговарал за безбедносните гаранции преку видео повик со државниот секретар на САД Марко Рубио, министерот за одбрана на САД Пит Хегсет, како и со специјалниот претставник на САД Стив Виткоф.