219
Украина е подготвена да започне долгоочекувана контраофанзива за враќање на териториите окупирани од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Длабоко веруваме дека ќе успееме“, рече Зеленски во интервју за „Волстрит журнал“ што беше објавено денеска.
Зеленски истакна дека не знае колку ќе трае украинската контраофанзива, но изјави дека Украина е подготвена за контранапад, пренесе Ројтерс.