Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае ништо за какви било тајни договори за принудување на Украина да тргува со територија за мир и инсистира дека Русите мора да сносат одговорност.
„Не знам за какви договори некаде се разговара, за каква размена на нашите територии. Имаме еден документ – формулата за мир. Имаме една желба – мир. Го формулиравме како што го гледаме. Подготвени сме за отворена дискусија со нашите колеги, за светот да биде на иста страна – на страната на праведен мир со целосно обновување на територијалниот интегритет на Украина“, истакна Зеленски на заедничката прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте, пренесува „Укринформ“.
Тој рече дека соборувањето на малезискиот авион МХ17, како и масакрите во Буча и Мариупол, не можат да се заборават само затоа што поминало времето.