378
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да прифати никаков мировен предлог што ја претвора руската војна против неговата земја во замрзнат конфликт.
Говорејќи во парламентот на Денот на уставот на Украина, Зеленски сигнализираше дека останува против секој мировен план со кој се замрзнуваат територијалните придобивки кои Русија ги оствари откако ја започна својата офанзива во февруари 2022 година, објави „Ројтерс“.
„Украина нема да се согласи со ниту една од варијантите на замрзнат конфликт“, рече тој.