Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска апелираше Украина да добие политичка покана за членство во НАТО на самитот на Алијансата следниот месец во Литванија.
„Постојат сите причини за политички повик Украина да се приклучи на Алијансата“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој бара и безбедносни гаранции од НАТО, во случај Украина да не добие членство во тој сојуз во блиска иднина, пренесува „Ројтерс“.