Зеленски: Украина треба да ја зајакне воздушната одбрана за да ги заштити луѓето

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина треба да ја зајакне својата противвоздушна одбрана за да ги заштити луѓето откако нејзините единици за противвоздушна одбрана соборија 50 од 73 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта во многу региони.

„Предупредувањето (за напад) се слушаше речиси секојдневно низ цела Украина оваа недела“, напиша Зеленски на каналот Телеграм, пренесе Ројтерс.

Во текот на изминатата недела, Русија употреби повеќе од 800 насочувани воздушни бомби, околу 460 нападни беспилотни летала и повеќе од 20 проектили од различни типови, рече Зеленски.

Слични содржини