Зеленски: Украина заслужува да започне преговори за членство во ЕУ оваа година

од Stefanija Kuzmanovska
112 прегледи

Пред самитот ЕУ-Украина денеска, украинскиот претседател Владимир Зеленски повика на конкретна перспектива за приклучување на неговата земја во ЕУ.

„Верувам дека Украина заслужува да започне преговори за членство во ЕУ веќе оваа година“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање во четвртокот. Тој нагласи дека понатамошната интеграција во Европската унија ќе им даде на Украинците „енергија и мотив да се борат и покрај сите пречки и закани“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел планираат да се сретнат со Зеленски денеска во Киев. Украина веќе има статус на земја-кандидат од јуни, но процесот на пристапување до полноправно членство обично трае многу години.

Во четвртокот Фон дер Лејен објави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра и други мерки за поддршка по состанокот на неколку комесари со членовите на украинската влада во Киев.

Од новата финансиска помош, 145 милиони евра се наменети за хуманитарна помош, а 305 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура.

Слични содржини