Зеленски: Украина ќе го врати Крим – тоа е наша земја, наш народ

од Stefanija Kuzmanovska
114 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска повторно изјави дека Украина ќе го врати Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

„Тоа е наша земја. Наш народ. Наша историја“, рече Зеленски, според соопштението објавено денеска.

„Со враќањето на Крим, мирот ќе се врати во Украина. Ќе го вратиме украинското знаме на секој агол на Украина“, рече тој.

Во 2020 година, Зеленски го прогласи 26 февруари за Ден на отпорот на руската окупација на Крим.

Слични содржини