Украинските пензионери ќе умрат без финансиска помош од Запад, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој посочи дека во моментов во буџетот на државата нема пари за исплата на пензиите.
Зеленски на прес-конференција при посетата на Летонија истакна дека Украина „многу купува со свои пари“, но дека државата има големи потешкотии во финансирањето на исплатата на пензиите.
„Не можеме да одбиеме да им дадеме пензија на пензионерите. Не барам сожалување, но без пензија едноставно ќе умрат стари луѓе. Имаме повеќе од 11 милиони пензионери – дали постои уште една таква земја во Европа?“, рече Зеленски, пренесе РИА Новости.
Според него, недостатокот на помош може да лиши од живот милиони украински пензионери. Тој, исто така, беше критичен кон американските политичари кои бараат прекин на помошта за Киев, велејќи дека „не разбираат што значи да се поддржуваат пензионерите во земја во војна“.