166
Украинските сили во источниот град Соледар ги држат своите позиции и им нанесуваат значителни загуби на руските војници, изјави синоќа во видео обраќање претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
Од друга страна, заменикот на самопрогласената Доњецка Народна Република и потполковник на Народната милиција на ДНР Андреј Бајевски изјави дека западниот дел на Соледар е целосно под контрола на руските сили, додека малите „џебови на отпорот“ на украинските вооружени сили се уште се присутни во тој град, објави „Ројтерс“.
Зеленски им се заблагодари на двете украински единици во Соледар, кои, како што наведе, „ги држат своите позиции и му нанесуваат значителни загуби на непријателот“.