Зеленски: Уништувањето на инфраструктурата нема да не ослабне

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека новата стратегија за уништување на украинската инфраструктура, која Русија ја спроведува, нема да ја ослабне нивната решеност за ослободување на територијата.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Зеленски се спротивстави на стравувањата на западните земји од ескалација на конфликтот и инсистираше на тоа дека нема да има трајно решение за војната доколку Русија не се повлече од сите територии што ги окупираше, пишува Гардијан.

„Мораме да ги вратиме сите територии, бидејќи верувам дека бојното поле е патот каде што нема дипломатија. Ако не можете целосно да ја вратите вашата земја, војната едноставно е замрзната“, рече украинскиот лидер.

Слични содржини