107
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред утрешниот состанок во Вашингтон испрати порака до американскиот претседател Доналд Трамп.
– Само сакам да знам што ќе биде утре со нас, со нашата земја, со нашите семејства. Каде сте вие? Не ни требаат само договори за пари. Сега преживуваме, истакна Зеленски.
Тој исто така прашува „Дали Америка ќе престане со воената помош?“
Зеленски додава дека без американска воена помош Украина би можела да ја изгуби способноста да се брани од Русија.
– Сега не е прашање за замрзнување на судирот. Војната нема утре да заврши, бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин не е подготвен за тоа, посочи Зеленски.