Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека уште 12 земји се приклучиле на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Киев.
„Што се однесува до безбедносните гаранции на нашиот пат кон НАТО, пакетот безбедносни гаранции за нашата земја ќе биде прецизиран во втората половина на годината. До денес, уште 12 земји партнери се приклучија на заедничката декларација на Групата седум најразвиени земји“, рече Зеленски на состанокот со шефовите на украинските дипломатски мисии.
Зеленски ова обраќање го објави на својот Телеграм канал.