Зеленски: Успешна употреба на нашето оружје, погодена цел на далечина од 700 километри

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Украина успешно го употреби сопственото оружје со долг дострел, погодувајќи ја целта на растојание од 700 километри.

„Министерството за стратешка индустрија известуваше за сопственото производство. Успешна употреба на нашето оружје со долг дострел: Целта беше погодена на далечина од 700 километри!“, се пофали Зеленски на Телеграм.

Оваа вест е објавена откако Зеленски добил извештаи од врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни за ситуацијата на бојното поле, одбранбените и офанзивните операции.

„Нашето движење напред не запира“, изјави украинскиот претседател по средбата.

Дополнително, министерството за одбрана извести за пристигнување на оружје и муниција, вклучително и голема серија оклопни медицински возила за евакуација.

Да потсетиме, Москва е оддалечена на околу 675 километри од Харков, кој го држат украинските сили.

Слични содржини