Зеленски: Важно е Украина да го брани Бахмут, но не по секоја цена

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека украинските војници ќе го бранат Бахмут се додека тоа е разумно.

Зеленски, одговарајќи на прашање на новинар на италијанскиот весник „Кориере дела сера“ за борбите за Бахмут, рече дека е важно вооружените сили на Украина да го бранат тој град, но не „по секоја цена“, пренесува „Униан“.

„За нас е важно да го браниме, но не по секоја цена и по цена сите да загинат. Ќе се бориме се додека е тоа разумно“, рече Зеленски.

Слични содржини