Зеленски вети: Украинското жито само ќе поминува низ ЕУ на патот кон Африка

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во средата во Варшава вети дека во иднина житото и другите земјоделски производи од неговата земја само ќе транзитираат преку Полска и другите земји од Европската унија.

Според него, тие земјоделски производи не смеат да го дестабилизираат европскиот пазар, во пристаништата во кои ќе пристигнат само ќе се претоваруваат и испраќаат во Африка и Блискиот Исток, а решение би требало да бидат заклучени контејнери.

„Претседателот (на Украина) Зеленски даде цврсто ветување дека во рок од една или две недели ќе биде потпишан договор за жито и други земјоделски производи кои транзитираат во заклучени контејнери. Тие ќе минуваат низ Полска само за да бидат испратени во други земји“, изјави Пјотр Милер, портпарол на полската влада.

Слични содржини