Зеленски: Владее чувството дека има војна во Украина

од Nikola Popovski

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека не може да ја исклучи можноста за натамошна ескалација на тензиите со Русија, но ја критикуваше, како што рече, преголемата „паника“ што влијае на економијата.

Тој ја даде изјавата откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека САД и НАТО не одговориле на главните безбедносни барања на Москва во спорот со Западот за Украина, но тој изрази подготвеност за дијалог.

„Не мислам дека ситуацијата е понапната од претходно. Во странство има чувство дека овде има војна, што не е случај. Не велам дека ескалација не е можна, но не ни треба паника“, нагласи Зеленски.

Според него, тоа е пораката што му ја дал на американскиот претседател Џозеф Бајден во нивниот телефонски разговор во четвртокот и дека Русија се обидува да ја заплаши Украина.

Тој додаде дека Украина ја стабилизира својата валута од резервите и бара воена, политичка и економска поддршка од Западот, а на неговата земја и се потребни меѓу четири и пет милијарди долари за стабилизирање на економијата.

Слични содржини