Зеленски во Хаг: „Русија мора да одговора за злосторството агресија“

Зеленски, исто така, се обрати пред холандскиот парламент, пред конференцијата за формирање на Меѓународната комисија за барања за Украина, која ќе ги разгледува барањата за надомест на воената штета предизвикана од војната и е дел од меѓународниот механизам за надомест.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Х/Принтскрин/Официјален профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Хаг изјави дека Русија мора да сноси одговорност за „злосторството агресија“.

Зеленски, исто така, се обрати пред холандскиот парламент, пред конференцијата за формирање на Меѓународната комисија за барања за Украина, која ќе ги разгледува барањата за надомест на воената штета предизвикана од војната и е дел од меѓународниот механизам за надомест.

Како што објави Укринформ, украинскиот претседател е во официјална посета на Холандија.

Програмата на посетата вклучува средби со молдавската претседателка Маја Санду и холандскиот премиер Дик Шуф, како и аудиенција кај кралот Вилем-Александар.

Се очекува Зеленски да учествува и на дипломатска конференција на високо ниво, заедно со Шуф, Санду и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

Како дел од посетата, Зеленски ќе го посети и Центарот за воена рехабилитација Арденбург.