231
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во интерес на Русија е да се разгори војна на Блискиот Исток со цел „да го ослаби светското единство“.
Тој посочи дека таков заклучок е формиран врз основа на достапни и многу јасни информации, пренесе Ројтерс.
„Во интерес на Русија е да разгори војна на Блискиот Исток со цел да се создаде нов извор на болка и страдање, што ќе го ослабне глобалното единство, ќе создаде поделби и ќе и помогне на Русија да ја поткопа слободата во Европа“, рече Зеленски во своето видео обраќање.