Зеленски: Во напад на 40 крстаречки ракети уништен е Центар за трансфузија на крв

од Nikola Popovski
522 прегледи

Русија изврши воздушни напади врз Украина во текот на ноќта во повеќе бранови со 70 оружја, вклучувајќи крстаречки и хиперсонични ракети и беспилотни летала од иранско производство, соопшти во неделата воздухопловните сили во Киев, при што се чини дека најмалку 10 проектили навлегле во противвоздушната одбрана.

Украинската воздушна одбрана уништи 30 од 40 крстаречки ракети и сите 27 беспилотни летала „Шахед“ кои Русија ги лансираше во текот на ноќта, напиша воената авијација, која денес го слави својот празник, на комуникациската платформа Телеграм.

Воздухопловните сили, исто така, соопштија дека Русија лансирала три хиперсонични ракети Кинжал, но не соопштија дополнителни детали за нив.

„Севкупно, во неколку бранови напади, од вечерта на 5 август до утрото на 6 август 2023 година, непријателот употребил 70 оружја за воздушни напади“, се наведува

Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот, а Русија веднаш не го коментираше.

Не е соопштено дали нападот во текот на ноќта предизвикал штета, или што се случило со 10-те крстаречки ракети кои не биле соборени, пишува ХИНА.

Погоден е Центар за трансфузија на крв

Володимир Зеленски изјави дека руска „водена бомба“ погодила Центар за трансфузија на крв во североисточна Украина.

Како што јави Би-Би-Си, Зеленски изјави дека во нападот има мртви и ранети, без да наведе детали.

„Само ова воено злосторство кажува сè за руската агресија“, рече Зеленски.

Руските власти претходно ги негираа наводите за мета на цивили во Украина, пренесува БЕТА.

Слични содржини