Зеленски во Париз, Макрон му вети дека ќе му помогне во разговорите со Русија

од desk4
134 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе му помогне на новиот претседател на Украина Володимир Зеленски во неговите напори да воспостави мир на истокот на земјата и во разговорите со Русија.

Украинскиот претседател Зеленски за време на посетата на Париз вчера рече дека дипломатскиот пат е единствениот начин за решавање на конфликтот, со одржува санкциите против Русија.

Макрон истакна дека ќе работи на заживување на преговорите за Украина во „нормандиски формат“, кој ги вклучува Русија, Украина, Франција и Германија.

Францускиот претседател призна дека во последниве неколку месеци има мал напредок во врска со ова прашање.