Зеленски во посета на Канада

од Radmila Tasevska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во отава се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо на кого му се заблагодари за канадската поддршка на Украина.

– Сакам да ви се заблагодарам што бевте домаќини на Украинците во овој тежок период и ни помогнавте на бојното поле, воено, финансиски и хуманитарно, што е клучно, рече Зеленски.

Украинскиот претседател навести дека можеби ќе ја посети Канада со своите деца „по победата“ во војната на Украина со Русија.

– Ви благодариме што останавте со нас, рече Зеленски, додавајќи дека Канада ја поддржува Украина уште пред инвазијата.

Трудо рече дека средбата била можност да „седне и да разговара за сите работи што треба да ги направиме заедно“ и да заземе силен став против Русија. Канадскиот премиер рече дека Канада стои „силно и недвосмислено“ со Украина.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, исто така, е во Отава на билатерални разговори со неговиот канадски колега во обид да ја зајакне воената поддршка.

Претседателот на Украина подоцна ќе се обрати во канадскиот парламент во Отава и ќе одржи прес-конференција со Трудо, пред да замине за Торонто на средба со бизнис лидерите и да зборува на друг настан таму.

Слични содржини