Зеленски: Воведување строги санкции за оние кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност

Зеленски на Телеграм нагласи дека Техеран долго време ги игнорира повиците на МААЕ и меѓународната заедница, поткопувајќи го нуклеарниот поредок.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Скај Њуз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката на Советот за безбедност на ОН за обновување на санкциите врз Иран и рече дека строгите санкции треба веднаш да се воведат „секогаш кога некој ќе го поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедност“.

Зеленски на Телеграм нагласи дека Техеран долго време ги игнорира повиците на МААЕ и меѓународната заедница, поткопувајќи го нуклеарниот поредок.

„Ова треба да стане глобално правило: секогаш кога некој ќе го поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедност, веднаш треба да се воведат строги санкции“, рече Зеленски.